Град Скопје ќе гради панорамско тркало во новиот Луна парк
Советот на Град Скопје донесе одлука за проектирање на нов забавен парк. Во состав на паркот ќе биде проектирано и панорамско тркало. По жестока дебата меѓу советниците од власта и опозицијата, за оваа одлука раководителот на Секторот за планирање и уредување на просторот при Градот Скопје Никола Гаџовски рече ова тркало не било исто како тоа на Вардар.
– Станува збор за тематски забавен парк кој ќе привлече многу туристи. Панорамското тркало ќе биде многу поевтино од тоа што требаше да се гради во Вардар. Во забавниот парк ќе има 20 нови реквизити, а ќе бидат вградени и тие што беа претходно набавени, рече Гаџовски, раководител за сектор за урбанизам.
Тој додаде дека за потребите на паркот, ќе бидат комплетно дислоцирани сите летни дискотеки.
Расправата беше по точките од дневниот ред Предлог – одлуката за проектирање, изградба на забавен парк, набавка на опрема-реквизити и нивно монтирање и Предлог – одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за изградба на забавен парк (Луна парк), набавка на реквизити и нивно монтирање.
Советниците на Град Скопје денеска меѓудругото расправаа и за Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година.
Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека Извештајот, за извршување на буџетот на Град Скопје за 2019 година содржи и податоци по поединечни сметки, програми и потпрограми кои ги покриваат областите за кои Градот е надлежен, посочувајќи дека податоците од минатото покажуваат дека извршувањето на Буџетот во овој период од годината го задржува релативно истото ниво на остварување во споредба со последните четири до пет години во приходниот дел, додека во расходниот дел бележи зголемување.
– Во периодот јануари – септември 2019 година вкупните приходи се остварени во износ од 3,37 милијарди денари, што претставува остварување од 51,7 отсто во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат благо растечката динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата година, бележат зголемување од 2,1 отсто. Во структура на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат: – даночните приходи 47 отсто, приходите од трансфери и донации 39 отсто, капиталните приходи 5,1 отсто и неданочни приходи со 8,7 отсто, рече Шилегов.
Шилегов најави дека во претстојниот период, ќе продолжат да вложуваат максимален труд, желба и напор да ги реализираат проектите за кои се заложиле и кои се од интерес на граѓаните, а во насока на развој на квалитетни и сеопфатни услуги за сите нас.
Ново на Сител
-
Анчелоти: Во моментов не ми се зборува за фудбал
-
Малолетникот осомничен за терористички напад во Босанска Крупа се брани со молчење
-
Директорот на БЈБ на Генерално собрание на ИНТЕРПОЛ, во фокус меѓународната полициска соработка
-
Напад со секира во француски воз: Четворица повредени, двајца во тешка состојба
-
Шведска не дозволи изградба на 13 паркови со ветерници во Балтичко Море поради безбедносни ризици
-
Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество
-
Приватните превозници бараат состанок со ЈСП за покачување на цената за километар и се обврзуваат старите автобуси да ги заменат со нови еколошки
-
Без вода утре делови од Сарај и Карпош