Град Скопје ќе гради прва катна гаража во Клиничкиот центар до втората половина на 2026 година

Град Скопје до втората половина на 2026 година ќе започне со изградба на првата катна гаража во Клиничкиот центар, со цел трајно решавање на проблемот со паркирањето во оваа зона.
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека новата катна гаража значително ќе го олесни паркирањето како за вработените, така и за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат Клиничкиот центар поради здравствени потреби.
-Реално ќе го реши проблемот за вработените и за сите наши сограѓани кои доаѓаат овде. До крајот на мојот мандат планираме изградба на две катни гаражи, а првата ќе започнеме да ја градиме до втората половина на оваа календарска година, изјави градоначалникот по посетата на првороденото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК).
МИА
Ново на Сител
-

Мемеди за Сител: Викендов се очекуваат три чартер лета за евакуација на Македонците од Емиратите
-

Безбедносната состојба стабилна – можни притисоци врз цената на горивата
-

ЕКРИ: Потребна е финасиска автономија на КСЗД и Народниот правобранител
-

Доцни тендерот за лекови за ретки болести
-

Повторно блокади на граничните премини?!
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжи судењето за „Пулс“
-

Седница на Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата
