Град Скопје повикува да не се палат стрништата и да се пријавуваат огнови на отворено
Град Скопје четврта година по ред ја спроведува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193, а за да се намали аерозагадувањето и годинава продолжи бесплатно да ги собира остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата.
– За да се заштити воздухот од загадување, заинтересираните граѓани од целиот Скопскиот плански регион, може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад од нивните обработливи површини. Со кампањата Градот Скопје сака на скопските земјоделци да им помогне да стекнат навика да не ги палат стрништата, да се зачуваат плодноста на почвата која ја обработуваат и да добиваат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата, соопшти Град Скопје, наведувајќи дека е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата.
Посочува дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на граѓани, но дека сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот во Скопје.
-Град Скопје преку сопствениот Инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено, но тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е со телефонскиот повик на 193, информира Градот Скопје и ги повикува граѓаните активно да се вклучат во борбата со загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот на бројот 193.
Ново на Сител
-

Роналдо доби казна од 255 евра - пари кои тој ги заработува за само 39 секунди
-

Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
-

Рама најавува нови мерки: Пониска возраст за кривична одговорност и забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Apple чекал 15 години за првиот преклопен iPhone: „Не сакавме да направиме евтин и неквалитетен телефон“
-

Македонскиот крем – де ла крем со предновогодишен концертен спектакл: Сузана, Наум, Миле и Баже со нивните гости во кафеанска ноќ за паметење!
-

Приведена жена од ресенско, управувала возило со брзина од 142км/ч на место каде дозволената брзина е 50км/ч
-

Обвинителите бараат Уставниот суд итно да го разгледа намалувањето на коефициентите за пресметка на платите во ЈО
-

Секое дете во Германија ќе добива по десет евра месечно за пензиска заштеда
