Македонија
24. јуни 2024 - 21:19

Градежниците и портокаловата фаза

На пеколни температури, во портокалова фаза градежните работници и понатаму работат и на градилишта и на автопати. Последниот случај синоќа, каде градежен работник на Коридорот 8 се повреди работејќи на високи температури во портокалова фаза, ја покажува контрадикторноста на законот за 60 часовна работна недела за градежните работници, што според Синдикатот достигнуваат и до 72 часа, а се коси со препораките да не се работи на отворено на високи температури. 

Најголемиот проблем, според Синдикатот е што остануваат само препораки, а не е морално работодавачите да не ги изложуваат на пеколни температури градежните работници. Ќе предложат во новиот Закон за безбедност и здравје при работа, сите работодавачи што не презеле соодветни мерки, да одговараат за обид за убиство. 

Според статистиките годишно во земјава гинат по 20 градежни работници. 

Минатата Влада лани ги донесе измените на законот со кои се овозможи градежните работници да можат да работат по 60 часа неделно доколку се согласат на тоа.