Градежниот факултет одбележува 66 години од основањето
По повод 66 години од основањето Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, денеска додели 42 стипендии на студенти и ја објави најдобрата дипломска работа од областа на челичните конструкции.
Награден е дипломскиот труд „Проект за индустриска хала со повеќекатна администрација“ што го изработи дипломираниот градежен инжинер Дамјан Денковски. Тој доби сертификат и парична награда во вредност од една просечна плата во компанијата „Факом“, која традиционално ја доделува наградата.
Деканот на Градежниот факултет Дарко Мославац потсети на почетоците на факултетот и одржаниот прв наставен час на 6 октомври 1949 година на тогашниот технички факултет со два оддела, градежен и архитектонски, кои заедно со уште неколку други факултети го создадоа УКИМ. Денес, како што рече, организацијата на наставата на Градежниот факултет е поделена на 14 катедри. На овој факултет дипломирале над 1.700 градежни инжинери, 400 геодетски инжинери и над 100 геотехнички инжинери и други кадри, а се образувани и 189 магистри по градежништво, 55 магистри по геодезија и 93 доктори на наука.
Министерт за транспорт и врски Владо Мисајловски нагласи дека лицата кои стекнале образование на Градежниот факултет имаат голем удел во планирањето и изградбата на тековните градежни проекти на Владата. Кадрите од Градежниот факултет, порача, ќе бидат дел од реализацијата на идните инфраструктурни проекти. Моментно, како што рече, се работи на изградба на 156 километри нова автопатска мрежа односно изградба на три нови автопати, а набрзо ќе почне реконструкција на неколку автопатски делници. Изградени се или во тек на градба се 560 километри регионални и магистрални патишта, апланирани за обнова и изградба се уште 200 километри. Реконструирани се 390 локални патишта во должина од 700 километри. Се работи и на изградба на нови пруги кон Бугарија и Албанија, а посветени сме и на станбената изградба, наведе Мисајловски.
Имајќи ја предвид визијата на оваа Влада да изгради квалитетна транспортна инфратсруктура во Република македонија, посочи Мисајловски, се јавува потребата од создавање нераскинлива врска меѓу државните институции кои работат на оваа проблематика и овој Факултет преку создавање квалитетни кадри . - Во таа насока би сакал да ги охрабрам сите студенти да вложат максимални напори и да ги совладаат знаењата од оваа благородна дејност како би се вклучиле во создавање на просперитетна Македонија, рече министерот Мисајловски.
Капиталните проекти што се реализираат, истакна, се за директно поттикнување на граджништвото кое учествува со 35 проценти од БДП и вработува над 40.000 работници.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад