Свет
1. October 2017 - 20:30

Градоначалник на Барселона: Прекинете со насилството врз граѓаните

Градоначалничката на Барселона, Ада Колау, повика на итен прекин на насилството врз граѓаните кои сакаат да излезат на референдумот за независност.

Таа во своето соопштение наведе дека околу 460 лица се повредени во судирите што избувнаа во главниот град на Каталонија.

- Веќе над 460 лица се повредени во Каталонија. Како градоначалник на Барселона, повикувам на итно прекинување на полициските акции против невините граѓани, наведе Колау во соопштението.

Во Каталонија денеска се одржува референдум за независност од Шпанија.