Градоначалник на Бујановац: Фер размена на Северно Косово со Прешевската долина меѓу Косово и Србија
Градоначалникот на Бујановац Нагип Арифи смета дека размената на територии меѓу Косово и Србија би била фер, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти Косово онлајн, Арифи кажа дека „би било коректно Србија да го земе делот северно од Митровица, а Косово Прешевската долина (Бујановац, Прешево и Медвеѓа)“. Арифи рече дека ова прашање го покренал на почетокот на средбата со косовскиот вицепремиер Бесник Бислими во понеделникот во Бујановац, а како што додаде, Бислими „не одговорил и можеби бил изненаден во тој момент“. -Мислам дека тоа е најдобро решение за Албанците од Прешевската долина како и за Косово.
Претседателот Вучиќ (Александар) секогаш спомнуваше компромис и веројатно мислеше на такво нешто. Меѓутоа, тој смета дека само дел од Прешевската долина треба да му се даде на Косово и за возврат да го добие северот, но целата долина треба да му се даде на Косово, рече Арифи за приштинска „Коха“. Арифи додаде дека е оптимист оти „еден ден ќе има размена на Прешевската долина за северот на Косово“ иако, како што рече, за ова не ги контактирал српските лидери.
Арифи на средбата со Бислими разговарал и за Заедницата на српски општини (ЗСО) и истакна дека доколку на Србите во Косово им се обезбеди овој механизам, тогаш и „албанците во Долината ќе бидат подготвени да работат во таа насока“. Тој побара на следните средби со српската страна да се разговара за проблемите на Албанците во Србија, додавајќи дека нивното барање е правата што ги уживаат Србите на Косово да ги уживаат и Албанците во Србија. Арифи рече дека Бислими ветил дека на средбата со српската делегација ќе се разговара за сите прашања и грижи на Албанците од општините на југот на централна Србија.
Ново на Сител
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах
-
Муцунски: Членството во НАТО придонесува за зајакнување на колективната безбедност
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска