Градоначалник во Ново Село ќе се бира во втор круг

Неважечките 103 ливчиња се причина да нема избор на градоначалник на Општина Ново Село на вчерашните предвремени избори. Имено, кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Николчо Стоилков добил 2.753 гласови, а за кандидатот на СДСМ, Никола Андонов гласале 2.693 избирачи.
Според претседателката на Општинската изборна комисија, Венера Шопова, кандидатот Стоилков не ги добил потребните 50 проценти плус еден гласови за победа во првиот круг поради неважечките ливчиња и затоа на 5 мај ќе се одржи втор изборен круг.
Од 11.302 запишани избирачи во Ново Село вчера на гласање излегле 5.549 граѓани со право на глас, од кои 103 гласачки ливчиња се неважечки.
Во Општина Ново Село предвремени избори за градоначалник се одржаа заради тоа што поранешениот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна поради обид за шверц на цигари.
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
