Македонија
1. January 2022 - 15:37

Градоначалникот Касами во посета на првото родено бебе, додели ваучер во име на општината

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со сопругата беше во посетата на првото родено бебе и мајката на гинеколошкото одделение во Клиничка болница.  Во има на општината градоначалникот на родилката Мевљуде Идризи и женското бебе им подари ваучер во висина од 40 илјади денари.

-Ноќеска, веднаш по пристигнувањето на Новата година, во градот Тетово се роди првото дете. Ова е најмладиот жител во овој град. Му посакуваме живот полн со здравје, среќа и бериќет. Нека расте и порасне, среќно дете, среќа да носи. Општина Тетово на новороденото дете, за среќен почеток на животот му подаривме ваучер, со желба Господ да му даде долг и среќен живот. Добредојде среќно детенце, изјави Биљал Касами.

Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година.  Женско бебе со тежина од 3480 грама е прво дете на родилката Мевљуде Идризи родена 1997 година.Во новогодишната ноќ се родија вкупно пет бебиња во Тетово.