Градоначалникот Касами во посета на првото родено бебе, додели ваучер во име на општината
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со сопругата беше во посетата на првото родено бебе и мајката на гинеколошкото одделение во Клиничка болница. Во има на општината градоначалникот на родилката Мевљуде Идризи и женското бебе им подари ваучер во висина од 40 илјади денари.
-Ноќеска, веднаш по пристигнувањето на Новата година, во градот Тетово се роди првото дете. Ова е најмладиот жител во овој град. Му посакуваме живот полн со здравје, среќа и бериќет. Нека расте и порасне, среќно дете, среќа да носи. Општина Тетово на новороденото дете, за среќен почеток на животот му подаривме ваучер, со желба Господ да му даде долг и среќен живот. Добредојде среќно детенце, изјави Биљал Касами.
Првото бебе во одделот за гинекологија при тетовската клиничка болница е родено во првата минута од 2022 година. Женско бебе со тежина од 3480 грама е прво дете на родилката Мевљуде Идризи родена 1997 година.Во новогодишната ноќ се родија вкупно пет бебиња во Тетово.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза