Градоначалникот Латиновски ќе го посети новото ОУ „Живко Брајковски“
Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денеска ќе го посети новото основно училиште „Живко Брајковски“ чија изградба е во завршна фаза.
Објектот, со вкупна површина од 5.000 метри квадратни и со капацитет за 900 ученици, треба да биде готовдо почетокот на новата учебна година, 1-ви септември.
За првата фаза од изградбата на училиштето (до карабина) од буџетот на Општина Бутел беа издвоени околу 45.000.000 денари, а за втората е обезбедено кредитно финансирање од Светска банка преку проектот за подобрување на општинските услуги, преку проектната единица на Министерството за финансии.
Изведувач на работите за комплетно завршување на училишната зграда и нејзиното партерно уредување е претпријатието „Вардарградба“ ДОО Скопје. Висината на кредитните средства се во износ од 66.486.259 денари или 1.081.077 евра.
Ново на Сител
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари