-->
-->
Градоначалникот на Белград најавува повлекување од политиката
-->
Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ денеска гостувајќи во РТС изјави дека по завршувањето на актуелниот мандат ќе се повлече од политиката.
„И сега, на 111-от ден од мојот втор мандат, продолжувам да го водам градот и да реализирам проекти, од кои социјалната заштита и сообраќајот се едни од најважните. По овој мандат мислам дека е доволно“, рече Шапиќ.
На новинарско прашање дали „завршил со Белград или со политиката“, Шапиќ рече – „со политиката“.
„Во овој момент не ме интересира дневно-политичкиот рејтинг. Верувам дека моето знаење и искуство и политичка храброст можам да ги искористам во интерес на белграѓани“, рече тој.
Пред да се вклучи во политиката, Шапиќ беше ватерполист.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба делницата Градско - Дреново
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз