Градоначалникот на Делчево апелира граѓаните да не се движат низ шумските подрачја
Делумно е локализиран пожарот кај Нов Истевник, кој се закануваше да го проголта маалото Пасјак, соопшти Општина Делчево.
Согласно последните информации, кај најзагрозената населба пожарот е пресечен, спасени се куќите, но и по 24 часа, сè уште гори кај месноста Бајаз Тепе, а опожарена е борова шума, јасика и ниско стеблести растенија на површина од 30 хектари.
-Во акцијата се вклучени над 120 луѓе. Ангажирани се и Просторните сили на Општина Делчево, ТППЕ на Делчево и Македонска Каменица, екипи од ЈКП „Брегалница“ и ЈП „Национални шуми“, Гранична полиција, локално население, а од утрово во гаснењето на пожарот се ангажирани и припадници на АРМ, информираат од Општината.
Градоначалникот Горан Трајковски, кој синоќа, но и од утрово е на опожареното подрачје, испрати апел до граѓаните да не се движат низ шумските подрачја без дозвола, заради лична безбедност и спречување натамошно ширење на пожарите кои поради високите температури и ветерот има огромна можност од појава на нови пожари.
-Пожарот кај Нов Истевник е сè уште активен. Доколку има доброволци кои сакаат да се приклучат во акцијата за борба со пожарите, можат да се пријават во ТППЕ Делчево. Општина Делчево има обезбедено доволна количина потребна опрема и алат за гаснење шумски пожари, а обезбедено е и храна и вода, порача Трајковски.
Синоќа во акција координирана од градоначалникот Трајковски, беа евакуирани стари и изнемоштени лица од Маалото Пасјак со цел да се избегне опасноста од загорозување човечки животи.
Од денеска стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ државава.
Ново на Сител
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга
-
Прилепчанец приведен за тешка кражба
-
Тешко повредени мајка и нејзините две деца откако нејзиниот вонбрачен партнер ги исфрлил од возило