Градоначалникот на општина Чешиново Облешево позитивен на корона вирус
Горанчо Крстев градоначалникот на општина Чешиново Облешево е позитивен на коронавирус, откако на 23 март бил да се шиша кај фризер од Кочани, кој вчера го загуби животот.
- Многу луѓе таму си одиме на шишање со години. Од каде да знам дека можело да биде позитивен? Бог да го прости човекот. И видете сега, тоа не е за криење, ние дури на 1 април разбравме дека е позитивен на тестот. Одма истиот ден на први април се ставив во изолација сосе цела фамилија. Не одев на работа, почнав да вртам на телефоните. Најбрзиот рок ми беше во Систина. И отидовме со жена ми и на двајцата резултатот ни беше негативен. Во исто време ѕвонев и во Филип Втори и тие ми закажаа. Вчера беше терминот во Филип Втори, среќа отидов и на тоа тестирање. Сабајлево ни дојдоа резултатите позитивни – изјави тој за Слободен печат.
Крстев посочува дека нема температура немам и никакви други симптоми и истакнува дека во последниот месец не контактирал со политичари.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи