Градоначалникот на Струмица ќе учествува на првата регионална конференција посветена на паметни градови од Западен Балкан
-Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов од утре до 22 овој месец ќе учествува на првата регионална конференција посветена на паметни градови од Западен Балкан, која ќе се одржи во Тирана на иницијатива на Американската администрација поддржано од „AmCham“ Албанија и Амбасадата на САД во Албанија.
Во рамки на дводневниот настан, организиран во форма на панел дискусии и размена на искуства, ќе бидат опфатени теми од областа на енергетиката, екологијата, зелените решенија и урбаниот развој, достапноста и начините на финансирање, технолошките инвестиции, дигитализацијата, сајбер безбедноста, како и за можностите за соработка помеѓу паметните градови. Фокусот ќе биде ставен на паметните градови и нивната улога во иднината, како и трансформацијата на паметните градови преку зелени решенија. Во рамки на предвидените активности, ќе учествуваат голем број раководни структури, одлучувачи и претставници на светски познати компании.
На 21 септември со свое излагање и презентација на тема „Добри практики: Време за урбан развој преку зелени инвестиции“ ќе учествува и градоначалникот на Општина Струмица.
– Со задоволство ја прифатив поканата да бидам еден од учесниците на овој важен настан. Подигнувањето на свеста за експлоатацијата на енергијата, како иницијатива на Американската администрација е од суштинско значење и важност, долгорочно. Струмица е една од општините која во континуитет работи на различни програми и модели кои третираат вакви практики, за кои конкретно ќе дискутираме во Тирана, рече Костадинов.
Оваа конференција е прва од ваков тип со фокус на паметните градови во Западен Балкан, која на едно место ги обединува лидерите на општините и водечките глобални технолошки компании. На настанот ќе учествуваат околу 24 претставници на водечки технолошки компании и 20 градоначалници од Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Во охридските средни училишта ќе се воведуваат нови стручни профили
-

Тема на денот со Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем и лидер на СПМ
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
