Македонија
14. January 2016 - 14:42

Градоначалникот Трајановски го посети СОС Детско село

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски денеска го посети СОС Детско село, се дружеше со децата што се згрижени во оваа орагнизација и им подари пакетчиња и шпорет кој ќе го користи едно од семејствата.

Трајановски на децата, стручниот тим и СОС мајките им ги честиташе новогодишните и божикните празници.

- Град Скопје и натаму ќе дава поддршка на овој проект кој се покажа како многу успешен и како единствена можност овие деца да се изведат на вистинскиот пат, да се вработат и да формираат сопствени семејстава, рече Трајановски. 

Директорката на СОС Детското село Виолета Ѓорѓиева истакна дека градоначалникот Трајановски веќе 10 години, односно уште од 2006 година, и како градоначалник на општина Гази Баба, му помага на СОС Детското село.

- Не само со финансиски средства, туку и во рамки на неговите надлежности го помага и дава поддршка на нашето работење, рече Ѓорѓиева и му врачи благодарница на Трајановски.