Градоначалникот Трајановски во посета на општина Бутел
Соработката на јавните претпријатија и градската администрација со општина Бутел е на високо ниво. Се решаваат многу проблеми и се реализираат голем број на проекти.
Ова го потенцира градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој денеска ја посети општина Бутел. На средбата присуствуваа градоначалникот на Бутел Петре Латиновски, директорите на јавните градски претпријатија и претставници на урбаните и на месните заедници од оваа општина.
- Во 2016 година најголемиот проект што ќе се реализира на територијата на општина Бутел е пробивање и изградба на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ и поврзување со обиколницата. Со реализацијата на овој проект Бутел ќе добие ново сообраќајно решение и алтернативна врска за жителите на Чаир и на Бутел, а ќе овозможи и голем економски развој за овој дел од Скопје, рече Трајановски и додаде дека овој проект ќе се реализира фазно и ќе чини повеќе милиони евра.
Во 2016 година ќе заврши изградбата на новата атмосферска канализација на улиците „Боца Иванова“ и „Александар Урдаревски“, со што, како што рече, ќе се стави крај на поплавувањето на подвозникот пред кружниот тек на улицата „Боца Иванова“ при поројните дождови.
Покрај овие, во 2016 година ќе почне реализацијата на проектот за проширување и реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“, како и изградба на фекална канализација во Љуботен.
Градоначалникот Латиновски истакна дека изминатите неколку години во Бутел се реализирани голем број инфраструктурни проекти со кои, како што рече, значително се подобри квалитетот на живот во општината.
Ново на Сител
-
Пандов: Затвореници излегувале и влегувале во затворот „Скопје“ кога сакале
-
Таравари: До крајот на годината невозможно е зголемување на платите во здравството
-
Приведен криминалец од липковско, осуден на пет години и седум месеци затворска казна
-
Масакр во Хрватска: Маж упаднал и пукал во старски дом, убил 5 лица
-
Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари
-
Вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна
-
Советот на ЕУ го укина визното ограничување за Србите со српски пасоши издадени на Косово
-
Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок на билатерално и меѓународно ниво