Фудбал
21. August 2020 - 11:13

Градот Марсеј забрани навивање за ПСЖ

Полицијата во Марсеј одлучи да забрани носење дресови на Пари-Сен Жермен во центарот на градот в недела кога ПСЖ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен за да се зачува редот и мирот во градот.

Објавата на полицијата дури содржи зборови, како боите на ПСЖ, што значи ниту шалови, маски и капи на омразениот ривал од престолнината.

Наредбата доаѓа кога во вторникот вечерта имаше неколку инциденти во Марсеј, особено во старото пристаниште. Стотина навивачи на Марсеј се собраа и пееја погрдни песни за Париз и фрлаа пиротехника. Тие принудиле двајца навивачи на ПСЖ да ги соблечат своите дресови, а исто така забраниле пуштање на преносот на натпреварот во локалните кафеани.