Градскиот дувачки оркестар доби нови униформи
Градскиот дувачки оркестар денеска одржа парада и концерт во градскиот трговски центар со што воедно беа промовирани новите зимски униформи на оркестарот. Парадниот концерт на оркестарот беше придружен со настап на мажоретки од балетското студио „Еурека“.
Новите зимски униформите се креација на модната куќа „Елена Лука“ и според скопскиот градоначалник Коце Трјановски, се соодветни за оркестар од ваков тип.
- За набавка на овие униформи Градот потроши 400.000 денари, а планираме во иднина да распишеме тендер и за летни униформи. Сите метрополи и поголеми градови во Европа и светот имаат свои оркестри и ние сме горди што и градот Скопје има свој оркестар кој со разновидната програма, карактеристичното чекорење низ улиците и низ плоштадите на градот, естетскиот изглед за кој придонесуваат новите униформи за миг ги оттргнуваат присутните од секојдневието, рече градоначалникот Трајановски.
Градскиот дувачки оркестар функционира во рамки на Младинскиот културен центар, а Град Скопје секоја година за него од Буџетот издвојува по 1,5 милиони денари. Оркестарот е составен од 28 члена, кои се професионални музичари или студенти на Факулетот за музичка уметност.Настапува на сите манифестации во Скопје за одбележување значајни датуми на градот, како и државни празници на разни локации, плоштади, трговски центри, паркови..
Ново на Сител
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците