Градските улици и булевари во Скопје посипани со 180 тони сол

Зимската служба на Град Скопје изминатава вечер фрли околу 180 тони сол на градските булевари и улици. Во текот на ноќта екипите интервенираа на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот, информираат од Град Скопје.
Оттаму потенцираат дека вчеравечер пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Кисела Вода го посети градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски кој ја координираше работата на екипите на Зимската служба.
Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите и потсетуваат дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
- Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. ЈП „Комунала хигиена“ апелира општините со поголема ажурност да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците кои се во надлежност на општините со цел непрекинато собирање на комуналниот смет, порачуваат од Град Скопје.
Ново на Сител
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
-

Трамп го нарече „шлаканица во лицето“ за САД шоуто на полувремето на Супербоул
-

Бројот на жртви во уривањето на зграда во Триполи се искачи на 13
-

Лавров: НАТО, ЕУ и ОБСЕ стануваат застарени организации
-

Откриена нова крвна група - решена мистерија стара повеќе од педесет години
-

ФСБ тврди дека зад атентатот врз генералот во Москва стојат украинската и полската разузнавачка служба
-

Зошто сите сакаат на Месечината и кој води во новата вселенска трка
