Градските власти ќе им помогнат на прилепските семејства со опожарените куќи, отворен е повикот за помош

На четирите семејства кои во пожарот предизвикан од гром ги загубија домовите им е понудено привремено сместување, јавните комунални претпријатија расчистуваат и општината ќе помогне со максимална можна финансиска помош. Апелот за помош е отворен до сите добронамерни.
Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески кој го посети местото на трагедијата, за четирите прилепски семејства по пожарот околу полноќ предизвикан од удар на гром, вели дека сѐ ќе се направи да им се помогне.
-Повикав итна средба со сите релевантни структури и претставници на институции со цел да им излеземе во пресрет на овие семејства на кои им се случи оваа трагедија и се она што го печалеле цел живот го снема за миг. Јавните комунални претпријатија уште во раните утрински часови со свои екипи се присутни на теренот и ги расчистуваат остатоците од опожарените куќи. Овие семејства ќе бидат ослободени од комунални давачки додека се обновуваат нивните куќи, а Општината ќе помогне со максималната можна финансиска помош предвидена за вакви немили случаи. На семејствата ќе им биде понудено привремено сместување во прилепскиот интернат „Орде Чопела“ и во Домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и ќе добиваат топол оброк од кујната. Упатувам апел до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе да им излезат во пресрет и да им помогнат на овие семејства да си ги обноват своите домови, затоа што секоја помош е добредојдена, изјави Јовчески.
Седумтемина од четирите куќи не се повредени, но се потресени и останаа на улица по големата трагедија кога околу полноќ по удар на гром на балконот од дедната куќа изби пожар и ги зафати четирите еднодо друго куќи во што изгоре сето што го имаа семејствата. За среќа нема повредени зашто навреме ги предупредиле соседите.
Ново на Сител
-

Тошковски на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици
-

Собранието ќе ја почне 108-та седница
-

Лов на отровната морска риба во Грција, рибарите ќе добиваат 5,33 евра за килограм
-

Во Црна Гора уапсен ирански хакер, кој ги оштетил САД за 3,4 милијарди долари
-

Зеленски: Одобрив 40-дневна операција за да ја принудиме Русија да ја заврши војната
-

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне услови за локална нестабилност
-

Црни прогнози по двата земјотреса во Венецуела - се стравува дека има илјадници жртви
-

Тесла ќе вработи дополнителни 1.000 работници во својата единствена европска фабрика
