Кошарка
1. November 2020 - 20:14

Градското дерби за Работнички

Големото македонско кошаркарско дерби заврши вечерва со победа на Работнички од 94-90 против големиот ривал МЗТ Скопје. 

Мечот беше извонредно драматичен а по водството на домаќинот од 91-90 металците не искористија две слободни фрлања за пресврт со што му овозможија на противникот да се радува на победата во првото дерби во новата сезона. 
Инаку мечот започна со доминација на Работнички кој имаше и +15 во еден момент но во втората четвртина се стопи предноста на домаќинот па на пауза се замина со резултат 45-45. 
Питс со 29 поени беше најефикасен на теренот додека кај гостите се истакна Олуџоби со 19 поени.