Свет
17. December 2016 - 21:33

Граѓаните на Берлин со поддршка за Алепо

Околу илјада луѓе денеска пред Рајхстагот во Берлин протестира поради војната во Сирија и за поддршка на граѓаните во Алепо.

Тие носеа транспаренти „Не повикуваат децата на Алео“ и „Алепо е потонат во крв, а светот само гледа“. Голем број од учесниците упатија критика кон апатијата на општественото мислење пред масакарот во Алепо.

Во протестниот марш учествуваа и сириски бегалци.

Во исто време на еден од плоштадите во Берлин се одржа митинг, во кој учествуваа 1.800 луѓе за поддршка на Сиријците. 

И во француските градови Лил, Стразбур и Марсеј имаше митинзи за солидарност со Сиријците.