Граѓаните на Македонија во Египет само со електронска виза
Граѓаните на Република Македонија ќе патуваат во Египет само со електронска виза, најави денеска на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи.
– Сите оние кои имаат интерес да патуваат во Египет може да добијат електронска виза за влез во земјата во рок од 24 часа од поднесување електронска апликација. Со цел аплицирање за електронска виза, заинтересираните треба да го посетат виза порталот на Египет на следниот линк www.visa2egypt.gov.eg; Одобрената електронска виза пристигнува на е-меил и истата се печати и презентира на граничните премини на Египет, напиша Османи.
Министерот додаде дека за влез во Египет, покрај електронска виза, потребно е да се поседува и негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред пристигнувањето во земјата или признаен сертификат за вакцинација извршена најмалку 14 дена пред влез во земјата.
– Република Македонија е меѓу 74 земји на кои Египет им овозможи влез со електронска виза согласно горенаведената процедура, додаде министерот Османи.
Ново на Сител
-
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против бизнисмен од Тетово за даночно затајување
-
Скај Спортс го прогласи Роналдо за најплатен спортист минатата година
-
Путин им нуди договор на САД за наоѓалишта на ретки суровини
-
Најмалку четворица загинати при уривање на мост во изградба во Јужна Кореја
-
Средба на премиерот Мицкоски со претставник на Казанчи Холдинг Групацијата, за инвестиција во енергетиката од 1 милијарда евра
-
Трамп: Европа мора да плати за украинската безбедност; Макрон: Не смееме да ја жртвуваме Украина
-
Анкетната комисија за слободите и правата на граѓаните треба да расправа за аерозагадувањето, во петок седница закажа и Комисијата за здравство
-
Собраниска делегација предводена од претседателот Гаши, во официјална посета на Обединетото Кралство