Граѓаните на општина Струмица да пријават штети од снежните врнежи
Комисијата за утврдување и процена на штети од природни непогоди при Советот на општина Струмица, ги известува жителите кои претрпеле штети од снежните врнежи да ги пријават. На денешната прес конференција, претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев, рече дека досега имале жалби од граѓаните, затоа сега повикуваат на итно пријавување на евентуални последици од снегот.
- Ги повикуваме жителите на општина Струмица кои претрпеле штети на нивните пластеници, стакленици или на градежни објекти во најкус можен рок да донесат барање за провцена до комисијата. Ние уште во текот на оваа недела ќе излеземе на терен, согласно нашите законски овластувања од Законот за заштита и спасување, посочи Ѓоргиев.
Тој објасни дека по завршувањето на проценката, извештајот ќе го достават до републичката комисија за процена на штети од природни непогоди и несреќи, а оттаму до Владата на Република Македонија.
- Владата на Република Македонија одлучува дали и колку проценти ќе биде обештетувањето, вели Ѓоргиев.
Ново на Сител
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени
-
Усвоен планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица