Граѓаните од Охрид и Ново Село гласаат за нови градоначалници
Заедно со вториот круг на претседателските избори денеска се одржува и втор круг од предвремени локални избори за градоначалници на Охрид и на Ново Село.
Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за предвремените локални извори во Охрид право на глас имаат 52.303 граѓани, а во Ново Село 11.365 граѓани.
Во двете општини избирачот, покрај ливчето за претседател, добива и едно ливче само за избор на градоначалник, со оглед дека советите се конституирани на редовните локални избори. За гласањето на локалните избори, избирачот се потпишува во изводот од избирачки список наменет за локалните избори.
Во општината Охрид изборите за градоначалник се распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, а во Ново Село се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.
. Запишани избирачи во Охрид се 52.303, а во првиот круг гласале 28.118 граѓани, односно 53,76 отсто.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
