Граѓански организации бараат поголем број патронажни сестри во здравствените домови
Доволен број патронажни сестри да се вработат во здравствените домови особено во општините Шуто Оризари, Делчево, Пехчево, Виница, Прилеп, Битола, Гостивар и Тетово, во Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата да се обезбедат средства за едукативни работилници за детско здравје и вакцинација во ромски и рурални средини, да се овозможи нивно соодветно спроведување и да се воведе систем на координација меѓу матичните гинеколози, породилиштата и патронажната служба.
Ова се дел од барањата на граѓанските организации Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ, Центарот за демократски развој и иницијативи, НВО КХАМ и Ромскиот ресурсен центар, кои ги презентираа денеска на прес-конференција на тема „Националните политики за унапредување на здравјето на мајките и децата не допираат до ранливите заедници и Ромите“.
Според нив, ромската заедница се уште се соочува со проблеми при обезбедување квалитетна, достапна и навремена здравствена заштита за жените и децата.
Тие бараат да се усвои единствен Правилник за работата на патронажната служба во кој ќе бидат дефинирани нејзините надлежности со посебен осврт на посетите во ромските и руралните средини, да се воведе поголема контрола врз работата на патронажната служба и да се формираат тимови за континуирано теренско откривање на невакцинирани деца во најмаргинализираните ромски и рурални средини.
Според наодите на граѓанските организации, поголем број од жените Ромки за време на бременоста не се посетени од страна на патронажна сестра, а во првата година по породувањето во просек се посетени само два до три пати, а активностите од Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата наменети за ромски средини се избришани од Програмата за 2016 година. Тие наведуваат дека буџетот на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата континуирано се намалува, а работата на патронажната служба во однос на посетите на жени за време на бременоста, како и една година по породувањето не е регулирана со документ.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот