Граѓански собир во Кочани за поддршка на жртвите на семејно насилство
Во рамки на активностите за борба против родово базираното насилство, денеска се одржа граѓански собир во рамки на кампањата „Биди храбра – стоп за семејното насилство“ што се реализира по иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугарија, а со поддршка од Општина Кочани.
Вработени во општинската администрација и претставници на граѓански здруженија од Кочани поделија летоци со информативна и едукативна содржина против насилството во семејствата.
– Кампањата на Ангелова е замислена како долгорочна акција, а овој собир треба да ја истакне поддршката на жртвите на семејно насилство, да им се објаснат нивните права и да се едуцираат каде треба да побараат помош, доколку им е потребна, изјави Голубина Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.
Координаторката за еднакви можности во Општина Кочани, Љубинка Ајтовска истакна дека во Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2022 година се планирани активности со различни целни групи кои се очекува да дадат придонес во јакнењето на свеста за борбата против семејно и секаков друг вид насилство.
Во рамки на кампањата, сопругата на бугарскиот амбасадор преку социјалните мрежи повика на поддршка на жените и децата, жртви на родово базирано насилство и преку донации на телефоните: А1 143 133 и Телеком 143 999. Заинтересираните можат да се вклучат и онлајн, преку порака напишана на дланките и споделена фотографија на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
