Граѓанскиот сектор очекува подобрена соработка и комуникација со новата Влада
Претставници на повеќе од 150 невладини организации и граѓански здруженија денеска во Охрид дебатираат за начинот на подобрување на комуникацијата на граѓанскиот сектор со Владата и државните институции, имајќи ја предвид подготвеноста на новото државно раководство да посвети повеќе внимание на секојдневните потреби и проблеми на граѓаните.
- Присуството на кадри на граѓанскиот сектор во владини институции можат да бидат начин за подобрена, поинтерактивна соработка со новите државни власти. Сметаме дека тоа е добра основа за посуштинска соработка. Тоа има свои добри, но и негативни страни. Наше е да се обидеме да ги нагласиме и интензивираме добрите и граѓанскиот сектор да успее да извлече што е можно повеќе погодности од тие промени, изјави Гонца Јаковлеска, извршен директор во Македонскиот центар за меѓународна соработка.
Претставниците на граѓанскиот сектор детектираа позитивни сигнали во начинот на комуникација и соработка со новата власт во земјата, но истакнуваат дека засега е неблагодарно да се прејудицира начинот на нејзиното однесување кон граѓанското општество.
- Она што е наша обврска е да вршиме притисок за потребите на граѓанскиот сектор и очекуваме да има слух за потребите на граѓаните што ги претставуваме како нивни претставници, нагласи Јаковлеска.
Милош Димитровски, претседател на Здружението „Извор“ од Кратово, што го третира прашањето на миграцијата на младата популација од североисточниот регион на Македонија, вели дека истражувањата и направените анализи ги детектираат нискиот животен стандард и проблемот на вработувањето како главни причини за одливот на младите од тие делови на државата.
- Во изготвената студија од истражувањето наведени се нашите препораки и визија за потребните активности за спречување на таквата појава. Локалните и централната власт треба своите активности да ги насочат кон подобрување на стандардот на животот во заедницата, преку овозможување подобри услови за работа на малите и средните претпријатија, истакнува Димитровски.
Претставниците на граѓанските здруженија ја нагласуваат потребата од поголема посветеност кон подобрување или зголемување на граѓанскиот активизам и поинтензивно поврзување со самите граѓани бидејќи смислата на постоење на граѓанските организации и здруженија произлегува од граѓаните и нивните конкретни потреби и интереси.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, Министер за одбрана
-
Во Струмица едукација на младите за селекција на отпадот
-
Жените-земјоделки иако се столб на фамилиите, ниту се доволно препознати ниту доволно платени
-
Темелно ќе се работи на проблемот да се задржат младите
-
Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Сарај, ги доближуваме услугите поблиску до граѓаните
-
МВР ќе врши зголемена контрола, полициско обезбедување во училиштата по обидот за силување на малолетник
-
Мицкоски го подготвува писмото до европските лидери
-
Заедничка алпинистичка вежба на полициската „ЕБР“ и армиските „Волци“