Граничниот премин Евзони повторно затворен

Од 17:10 часот Граничниот премин Евзони е блокиран за секаков вид на сообраќај за влез и излез од Грција, информира АМСМ. Грчките земјоделци денеска на четири часа го затворија граничниот премин за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне најавија втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот ја потврди продажбата на „Еурокомпозит“ - Ќе продолжи и ќе се прошири производството на воена опрема
-

Долго трае чекањето на лек за ретки болести
-

Две милијарди евра за реформи во комуналниот сектор
-

Тема на денот со Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

МВР: Запленети над 40 тони дрога – акцијата продолжува
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заплена во фирмите на кадри од СДС
-

ВМРО-ДПМНЕ со кадровска реконструкција - СДСМ обвинува за концентрација на моќ
-

Влезовите на Собранието ќе бидат блокирани во вторник – ССМ почнува со најавените протести
