Граничниот премин Табановце ќе се проширува, времен сообраќаен режим
Царинската управа денеска соопшти дека граничниот премин Табановце во следниот период ќе се реконструира поради што ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим и ќе биде поставена посебна сообраќајна сигнализација.
Постојниот царински терминал, како што информира Царината, ќе се проширува, а ќе бидат изградени и други објекти и дополнителни сообраќајни ленти за движење на товарните возила.
За надградбата на граничниот премин ќе бидат инвестирани над 1,8 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА програмата и со национално кофинансирање.
Градежните активности се очекува да завршат до крајот на 2017 година, а изведувач на работите е градежната компанија „Страбаг АГ“ од Австрија, додека за надзор е ангажирана фирмата „Кови“ од Белгија.
Царината соопшти дека договорот со компанијата е веќе склучен и изведувачот ќе биде воведен во работата во текот на следната недела, по што ќе започне извршувањето на работите.
- Со надградба на граничниот премин Табановце, Република Македонија ќе добие уште еден современ премин, кој со новата инфраструктура ќе даде можности за забрзан и олеснет прекуграничен промет, согласно потребите на бизнис заедницата и на граѓаните. Реализацијата на овој проект истовремено значи и подобрување на условите за попријатен престој на граничниот премин на патниците и подобри услови за работа на царинските службеници, наведува Царината во соопштението.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден