Границите со Грција остануваат затворени до 12 октомври

Грција ја продолжи забраната за патување за државјани на трети земји до 12 октомври.
Ограничувањата на копнените граници се воведени од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од ширењето на Ковид-19 во Грција и се однесува на периодот од 1 до 12 октомври. Одлуката предвидува привремено ограничување на влез во земјата за сите државјани на трети земји од кое било место на влез и на кој било начин, вклучително и воздушни, поморски, железнички и патни врски, од превентивни причини за да се заштити јавното здравје од понатамошно ширење на Ковид-19 на грчка територија.
Одлуката не се однесува на граѓаните на земјите членки на ЕУ и Шенгенскиот договор, како и на граѓаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.
Одлуката се применува во периодот од 1 до 12 октомври 2020 година. Министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи ја усвоија одлуката, објавена во Службен весник на Грција.
Ново на Сител
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
