Грантови за културни активности за девет граѓански организации
Грантови за градење на капацитети и имплементирање на донесените локални политики за култура во вкупен износ од 84.720 евра добија девет граѓански организации од Скопје, Струмица и Струга во рамки на проектот „Граѓанско учество за локална демократија“.
Проектот е финансиран преку ИПА 2 програмата за граѓанско општество и медиуми 2014-2015 на Европската унија, а го имплементираат Фондација отворено општество – Македонија и ЗГ Центар за развој на локалната демократија (ЦРЛД).
Програмски менаџер за граѓанско општество од Делегација на Европска унија, Ирена Иванова рече дека проектот претставува добра можност невладините организации да ги научат ЕУ правилата и да ги зголемат своите капацитети за имплементација.
- Ваквите проекти се многу битни, бидејќи е очигледно дека граѓанските организации се мост меѓу јавните институции и граѓаните. Тие ги артикулираат нивните потреби и ги унифицираат разноликите политики и помагаат јавните инстуции подобро да ја работат својата работа и служат на граѓаните, рече Иванова.
Посочи дека ова е трета генерација и дека веќе е објавен нов повик за апликанти.
Според проектниот координатор од Фондација отворено општество Македонија, Влатко Петрушевски проектите произлегуваат од стратегиските и акциони планови за култура на општините Струга, Струмица и Центар.
Посочи дека во рамки на проектите, во Струга активностите опфаќаат зачувување на културното и историско наследство, почитување и промовирање на културните вредности и збогатување на културно-уметничкиот живот на општината; во Струмица активности за подигнување и артикулирање на интеграцијата на лица со попреченост во културниот живот, вклучување на маргинализираните групи во областа на културата со цел зајакнување на културното претприемништво и креирање интеркативна културна платформа; во Центар активности за вклучување на лица со попреченост во развој и спроведување на културни содржини, застапување на правата на жените и организирање на културни настани за деца.
Ново на Сител
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
-
Палевски сакал да замине во Москва, барал помош да го земат од аеродром
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе преземе соодветни и решителни контрамерки на американските царини
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски