-->
-->
Грчката опозициска Нова демократија остро го критикува новиот изборен закон
-->
Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис остро ги критикуваше измените во изборниот закон, што ги усвоија пратениците, истакнувајќи дека со новиот закон ќе биде невозможно да се формира влада и го обвини Кабинетот на Ципрас за „ситни политички потези“ и „политички неморал“.
- Тие се соочуваат со пораз на следните избори и тоа е причината зошто сакаат да ја лишат Нова демократија од власта, рече Мицотакис во синоќешната парламентарна дебата.
Според него, Сириза „си игра игри со институциите“, бидејќи знае дека кога и да се одржат избори ќе биде поразена.
- Тие се обидуваат да задржат пристап до власта, дури и од позиција на (парламентарно) малцинство, истакна Мицотакис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска