Балкан
28. April 2018 - 11:53

Грчката полиција заплени 248 килограми марихуана

Грчката полиција во Гревена уапси четворица Албанци и еден Грк во моментот кога транспортирале поголема количина марихуана.

Уапсените се на возраст од 27 до 32 години, а нивниот идентитет не се соопштува, во интерес на истрагата. 

Тие биле во два автомобила. Двајца Албанци и Гркот, кои биле во првиот автомобил, имале задача да го контролираат патот, додека во другиот автомобил биле двајца Албанци кои транспортирале 248 килограми обработена марихуана. 

Освен дрогата, која била пакувана во 80 пакети, полицијата одзела и 540 евра, фалсификувана грчка лична карта, девет мобилни телефони и двата автомобила.

Едениот од Албанците, кој го управувал првото возило, бил баран со потерница од грчката полиција од 15 февруари 2013 година, поради бегство од затворот во Трикала, каде издржувал затворска казна поради шверц на дрога. 

Во две одделени акции во изминатите денови грчката полиција заплени окол у 200 килограми марихуана прошверцувани од Албанија.