-->
-->
Грчката Влада не преговара со кредиторите за нови мерки
-->

Грчката Влада и кредиторите не разговараат за спроведување на нови мерки на штедење од 2018 година, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Димитрис Цанакопулос.
- Во оваа фаза од преговорите на техничко ниво, потребно е сите страни да бидат внимателни во врска со информациите кои излегуваат во јавноста. Преговорите треба да се одвиваат на „бојното поле“, а не преку протекување информации кои предизвикуваат конфузија кај грчките граѓани, рече тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во врска со мерките што треба да се применуваат од 2019 година, Цанакопулос рече дека „нема да имаат фискални импликации“.
- Целта на Владата е да ја извади земјата од програми за спас, додаде Цанакопулос.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
-

Еуродизелот поевтинува за два денара, цените на другите горива остануваат исти
-

Приведени двајца соственици и управители на златара поради сомнение за даночно затајување со што е оштетен држвниот буџет од 64.924.298 денари
-

Три закони за високо образование и наука наскоро ќе бидат поставени на ЕНЕР
-

Град Скопје со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
-

Грчките земјоделци попладнево повторно ќе го затворат граничниот премин Евзони
-

Јаневска: Стратегијата за образование 2026-2030 ќе биде донесена на почетокот на јануари
