Грчки медиуми: Путин од Грција испрати повеќе меѓународни пораки

По посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Грција, локалните медиуми денеска се осврнуваат на суштината и значењето на, како што ја нарекуваат, „историската посета“ на рускиот лидер.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, една од поинтересните теории е дека уште со самото патување од Москва до Атина, Путин испратил пораки до повеќе примачи.
Нагласувајќи дека се работи за политичар кој е „искусен во меѓународните политички интриги и однесувања“, некои грчки медиуми пишуваат дека Путин испратил порака и со изборот на маршрутата на летот од Москва до Атина.
- Првиот лет од Москва до Атина не ја следеше вообичаената патека која вклучува и турски или подобро кажано, дел од турскиот воздушен простор, поради што и не бил доставен план за летање до Турција. Тој го заобиколил и летал над Македонија. Пораката, не само до Турција, туку и до САД и целиот Запад, е јасна - дека постои отворено прашање со Турција поради соборувањето на рускиот борбен авион пред неколку месеци и оти во одреден момент ќе има одмазда“, пишува еден од медиумите на Грците во Америка.
Според „Нешнл Хералд.гр“, Турците, од друга страна, „се однесувале глупаво со тоа што непосредно пред доаѓањето на Путин во Атина, турски воени авиони спровеле провокативни летови над островите во Егејското Море и уште еднаш го повредиле грчкиот воздушен простор“.
Медиумот потсетува дека авионите биле пресретнати од грчки авиони по што си заминале.
Ново на Сител
-

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал
-

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан
-

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата
-

Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран
-

Скопје домаќин на меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“
-

Премиерот Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром
-

Дожд, грмежи и засилен ветер до петок
-

БиХ: Голем пожар на депонија кај Мостар, воздухот е опасен за дишење
