Грчки пилот го призна убиството на својата сопруга, ја задавил до смрт пред 11-месечната ќерка
Сопругот на младата Британка која наводно била убиена за време на грабеж во нивниот дом и чие тело било пронајдено покрај нејзиното бебе го признал злосторството, објавила грчката полиција.
Бабис Анагностопулос, 32-годишен пилот, со полициски хеликоптер во четвртокот бил пренесен во Атина од островот Алонисос, каде бил на одмор со својата сопруга Каролина Крауч, пишува "The Guardian".
Првично беше објавено дека крадци влегле и жената била задавена до смрт пред нејзината 11-месечна ќерка.
Обвинувал крадци па признал сѐ
Анагностопулос признал се неколку часа подоцна, објавила полицијата на Твитер.
32-годишниот пилот на инспекторите им рекол дека ја убил сопругата по расправија во која му се заканила дека ќе го напушти и ќе го однесе нивното дете.
"Се расправавме таа вечер. Во еден момент го фрли детето во креветчето и ми кажа да излезам од станот. Ме турна и ме удри. Ми се стемни, ја убив, а потоа направив да изгледа како грабеж", им рекол на полициските инспектори.
Полицијата нудела награда од 300.000 евра за информации за злосторството. Грчкиот министер за внатрешни работи Михалис Крисохидис по убиството рекол дека е шокиран од варварското злосторство.
Анагностопулос претходно тврдел дека тројца мажи провалиле во куќата, го врзале и ја убиле неговата сопруга пред да побегнат со 15.000 евра во кеш.
Разбојниците го убиле и семејното куче, тврдел тој.
Полицијата не успеала да пронајде никаков траг од крадците кои наводно го извршиле злосторството, известиле грчките медиуми.
Ново на Сител
-
Законски измени за забрана на пиротехника во затворен простор и драстично повисоки казни
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на О. Кисела Вода
-
Тренчевска: 12 илјади пензионери нема да добијат покачување на пензиите
-
Без ефикасен систем за управување со отпад, државата ризикува од поголеми финасиски и еколошки штети
-
По две недели, трагедијата во Кочани во центар на вниманието на пратениците
-
Распит на сведоци и вештачења за пожарот во Кочани
-
Еден од најтешко повредените во дискотеката во Кочани е подобар, тројца и понатаму се во критична состојба
-
Таравари пред одлука: Дали вреди да се биде во „Вреди“