Грчки воен хелихоптер се урна на Халкидики

Воен хеликиптер од типот „апачи“ се урнал во морските води источно од Халкидики. Двајцата пилоти кои управувале со хеликоптерот се спасени и надвор од животна опасност.
Инцидентот се случил за време на воена вежба во близина на Врасна. Сè уште е нејасно што точно се случило и го предизвикало падот на леталото. Едниот од пилотите по падот на хеликоптерот успеал лесно да излезе и да исплива на површина, но вториот имал поголеми проблеми и подолго време останал заглавен во леталото под вода.
Состојбата била критична и пилотот успеал да го напушти хеликоптерот под вода по интервенција на специјалните припадници на единицата нуркачи, кои, исто така, учествувале во воената вежба.
Двајцата биле веднаш пренесени во воена болница во Солун, каде им се вршат тестови. Обајцата се добро и се очекува да бидат пуштени дома во текот на денот.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
