Грчките медиуми за изјавата на премиерот Заев за уставни промени пред влез во ЕУ
„Заев: Можна промена на Уставот за интеграција во ЕУ“, „Заев: Сигурно ќе го отвориме Уставот во пресрет на интеграцијата во ЕУ“, „Отворена веројатноста за ревизија на Уставот на ПЈРМ“, „Заев не ја исклучува можноста за ревизија на Уставот“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната изјава на македонскиот премиер во однос на можноста да се направат уставни промени кај нас.
-ПЈРМ сигурно ќе треба да го отвори прашањето со нејзиниот Устав, пред нејзината интеграција во ЕУ, како сите членки на Унијата, изјави премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, пишува „Катимерини“.
Грчката ТВ „Скај“, на нејзиниот официјален сајт, пак, пишува дека „скопскиот премиер Зоран Заев ја остави отворена можноста за ревизија на Уставот на земјата“.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчките медиуми го пренесуваат и ставот на македонскиот премиер во однос на тоа дека решението ќе го одредат институциите, а не лично тој или пак Ципрас, но, не го пренесуваат делот во кој Заев одговара негативно на прашањето дали уставните промени се поврзани со промена на уставното име.
Како што вчера објави МИА, премиерот Зоран Заев, прашан дали со неговата изјава во неделата за Радио Слободна Европа остава простор за дополнителни преговори со можност за промена на Уставот со цел промена на уставното име, одговори „не" и објасни дека доколку рекол такво нешто, го кажал дека Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја членка.
Ново на Сител
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок