Грчките земјоделци денеска на средба со Мицотакис
Претставници на земјоделците, вкупно 15 лица од цела Грција, напладне ќе бидат примени од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, средба од која ќе зависи дали ќе продолжат со блокадите со зголемен интензитет или ќе се постигне решение, јави дописничката на МИА од Атина.
Грчките земјоделци веќе три седмици протестираат со поставени над 55 блокови низ целата земја, повремено блокираат патишта, автопати и гранични премини, како што е случај со преминот Ники кон Северна Македонија, а по одржаниот состанок минатиот вторник побараа средба со Мицотакис и ги соопштија нивните барања за намалување на трошоците за производство.
Бараат земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите.
Велат дека нема да отстапат од барањата и најавуваат ескалација на активностите во случај да не се постигне договор.
Вчера земјоделците од северозападна Грција три часа го затворија граничниот премин Ники (Меџитлија) кон Северна Македонија, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон нашата земја се одвиваше регуларно.
Од друга страна, земјоделците од северниот дел на земјата преку Поликастро се упатија кон граничниот премин Евзони (Богородица), на неколку пати попатно наидоа на полициски блокови, кои успеаја да ги избегнат преку локални и споредни патишта, а иако најавија неколкучасовна блокада за товарни возила, сепак, решија да го чекаат исходот од денешната средба и границата остана отворена.
Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на вчерашниот брифинг со новинарите изрази оптимизам за денешната средба, објаснувајќи дека овој оптимизам произлегува од како што рече, тоа што, земјоделците сфаќаат дека и покрај тешкотиите со кои се соочуваат пред нив имаат Влада која презеде инцијативи за поддршка и не остана само на зборови.
Паралелно го повтори ставот на грчкиот премиер дека „дијалогот не може да се одвива со затворени патишта“ и мора да постои слободен проток на граѓаните, а процената на Маринакис е дека нема да стигнат до степен земјоделците дополнително да ги засилат блокадите.
Ново на Сител
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
