Балкан
17. February 2017 - 8:17

Грчките земјоделци се повлекле од блокадите

Грчките земјоделци ги повлекоа тракторите од блокадите на патиштата, вклучително и крај пунктот Промахон, на границата со Бугарија, но се закануваат дека ќе организираат други форми на протести. 

Одлуката на земјоделците за повлекување на блокадите е донесена откако завчера не постигнаа успех во преговорите со грчката Влада во врска со барањата за намалувањето на даноците, за гарантирани откупни цени на земјоделските производи, за горива без акцизи и за задржување на неоданочениот приход.