-->
-->
Грчко МНР: Не прифаќаме опомени од трети земји, како што е Турција
-->
Турција уште еднаш се обидува да се вмеша во внатрешните прашања на друга земја, прекршувајќи ги основните правила на меѓународно однесување, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција во однос на ставот од турското МНР во врска со муслиманското малцинство во Грција и додаваат дека „не прифаќаат опомени од трети земји“, јави дописничката на МИА од Атина.
Додаваат дека Грција, за разлика од Турција, го почитува меѓународното право и целосно ги спроведува своите меѓународни обврски кои произлегуваат од меѓународните договори, како што е Лозанскиот договор од Лозана, – Не прифаќаме опомени од трети земји, како што е Турција, а особено кога се однесуваат на грчки граѓани, соопштуваат од грчкото МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
„Марш за ангелите“ во Кочани
-
Пациентите од трагедијата во Кочани, во втора и трета фаза ќе се лекуваат во штипска Клиничка
-
Безбедносната состојба во справување со пожари неповолна
-
Мицкоски: Потребен е механизам за спречување блокади на билатерална основа
-
Дисциплинска постапка за двајцата полицајци кои лажно тврделе дека возилото „Порше“ е службено