Грчкото МНР обвинува за сквернавење на манастирот Сумела во Турција
Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение реагира за, како што велат, сквернавење на манастирот Сумела во Турција, откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои „странски бенд изгледа како да танцува диско во просторот на историскиот манастир Богородица Сумела“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчкото МНР додаваат дека манастирот е кандидат за прогласување за споменик на светско наследство на УНЕСКО и „изненадување предизвикува фактот што на групата ѝ била дадена дозвола, бидејќи манастирот се отвора само за аџилак“.
-Ги повикуваме надлежните турски власти да го сторат она што е правилно за да не се повторат ваквите дела и да го почитуваат светиот простор на манастирот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.
Според грчките медиуми во просторот на манастирот Сумела, бил сниман видео клип или рекламен спот со диџеј.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.