Грчкото МНР враќа пари од сомнителни договори и меморандуми
Грчката државна каса е побогата за 3,6 милиони евра, откако преку Министерството за надворешни работи беа вратени парите од потпишан, а никогаш не спроведен договор на Грција со Африканската унија.
Како што соопшти грчкото Министерство, на 22 септември 2008 биле одделени 3.590.957,27 евра за финансирање на низа програми како резултат на потпишувањето на Меморандум за разбирање меѓу Грција и Африканската унија.
Меѓутоа, според соопштението од Министерството за надворешни работи на Грција, ниту планираните програми биле спроведени и реализирани, ниту тогашната грчка Влада се потрудила да го следи и да го контролира спроведувањето на договорот. Затоа, на 3 ноември годинава парите биле вратени во државната каса.
- Напорите на министерот за надворешни работи за враќање на средства доделени во минатото без неопходните гаранции, најчесто за сомнителни програми, вродија со плод. Денеска, заедно со горенаведениот износ (3,6 милиони евра) и со неодамнешното враќање на 2,5 милиони долари од САД од периодот 2008-2009, по долга и истрајна истрага, во касата влегоа повеќе од 14 милиони евра, се наведува во соопштенито.
Грчкото Министерството отвори внатрешна истрага за непотребно и неконтролирано трошење на средства, за скриени сметки и за борба со корупцијата.
Во март годинава беа вратени 2.5 милиони долари кои во 2008, кога шеф на грчката дипломатија беше Дора Бакојани, Службата за меѓународен развој и соработка на Министерството за надворешни работи на Грција ги доделила на Центарот за климатски промени на Карипската Заедница за спроведување на програми.
Ново на Сител
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа