Грција бара од ЕУ поголема финансиска помош за Турција за мигрантите
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска побара од Европската унија да ја зголеми финансиската помош за Турција за да и помогне да се справи со приливот на мигранти.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги протера бегалците доколку меѓународната заедница не ја зголеми финансиската помош. Повеќе од 3,6 милиони Сиријци се во Турција.
– За мене е многу јасно дека ни треба нов договор, рече Мицотакис во Њујорк, обраќајќи се воИстражувачкиот центар на Советот за надворешни односи.
Во 2016 година, ЕУ вети дека ќе и даде на Турција околу шест милијарди евра за подобро да се справи со приливот на мигранти кои минуваат преку нејзината територија на патот кон Западна или Северна Европа.
– Договорот е подложен на „силен притисок“, рече Микотакис, кој во средата разговараше со Ердоган на маргините на годишната седница на Генералното собрание на ООН.
– Турција треба да се обврзе на почитување на договорот, а ЕУ треба да признае дека Турција прими неколку милиони бегалци и затоа треба да добие дополнителна финансиска помош за следните години, рече грчкиот премиер.
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија