Грција губи 12 милијарди евра годишно поради затајување данок

Грција губи близу 12 милијарди евра годишно поради неплаќање на даноци, а во исто време на годишно ниво таа троши 28 милијарди евра за пензии, 15 милијарди евра за плати во државниот сектор и 12 милијарди евра годишно за отплата на долговите на државата, покажа истражувањето на организацијата „Дианеосис“.
Како што објави весникот „Имерисија“, организација си поставила за цел да го разгледа проблемот со неплаќањето на даноците во Грција и да предложи решенија, бидејќи според неа, од 1975 година во земјата се донесени 240 закони за даноци и не е решен проблемот со даночните затајувања.
Според истражувањето, од 2010 година даночните приходи во Грција забележуваат пад.
Грчките експерти проценуваат дека за да се реши проблемот со неплаќањето на даноци во земјата, треба да биде намалена даночната стапка, да се зголеми даночната контрола и борбата со корупцијата, да се воведе употреба на виртуелни пари или електронско плаќање и да се работи на создавање на нови структури и формирање на даночна свест.
Ново на Сител
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
