Грција испраќа одбранбен материјал и хуманитарна помош во Украина
Во текот на денот, со два воени авиони C-130 Грција ќе испрати одбранбен материјал за Украина, со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис како одговор на украинското барање, но и во консултација со сојузниците од НАТО и партнерите во ЕУ, информираат од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис утрово одржал состанок со учество на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на армијата за да се информира за ситуацијата во Украина и, како што соопштија од неговиот кабинет, „за во пракса да ја покажат солидарноста до украинскиот народ“ било решено да се испрати одбранбен материјал како и хуманитарна помош.
Авионите со одбранбениот материјал денеска ќе тргнат за Полска, а според грчките медиуми Грција испраќа муниција, пушки од типот Калашников и фрлачи.
Во текот на вчерашниот ден вкупно десет грчки иселеници ги загубија животите во две украински села.
Ново на Сител
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
