Балкан
2. January 2018 - 13:05

Грција на чекор од излезот од економската криза

Грција е на прагот да излезе од долгогодишната економска криза, оценува германската новинска агенција ДПА.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој дојде на власт во 2015 година како противник на мерките на штедење и можеше да предизвика крах на Еврозонта, сега може да се покаже како човекот кој ќе ги изведе Грција и Еврозоната од економската криза, се наведува во анализта, при што се посочува дека и стапката на невработеност и буџетскиот дефицит во Грција се намалуваат.

Според ДПА, Ципрас ги исполни безмалку сите обврски кои земјата ги презема со третиот пакет за финансиска помош во средината на 2015 година, иако пред да стане премиер остро се спротиставуваше на предложените кратења на грчкиот буџет, пензиите, платите на јавните службеници и социјалната помош.

- Последните реформи кои Атина треба да ги реализира се особено болни - банките треба да се справат со ненаплатените кредити, долгот и натаму е 180 проценти од бруто домашниот производ, даноците растат, пензиите се кратат, работните места се честопати на определено време, а граѓаните немаат перспектива и се исселуваат, се додава во анализата.