Балкан
7. February 2017 - 11:09

Грција во шок: 13 земјотреси за 24 часа

Грчкиот остров Лезбос во последниве 24 часа го погодија 13 земјотреси посилни од 3 степени по Рихтеровата скала, а серијата започна со потресот од 5,2 степени по Рихер кој се случи во понеделникот наутро.

Длабочината во која е забележан тој потрес била на 25 километри, пренесува агенцијата АНА.

Грчката агенција наведува дека за сега нема извештаи за причинетата штета.